Срамен потег на Ибра по елиминацијата на ЛА Галакси! (ВИДЕО)

twitter.com/En24News

Доцна синоќа екипата на Лос Анџелес Галакси беше елиминирана во четвртфиналето од плејофот во американската МЛС лига. Во натпревар исполнет со дури осум голови ЛА Галакси загуби од Лос Анџелес ФЦ со конечен резултат 5:3.

Иако ЛА Галакси успеа да израмни во 55. минута на 2:2 преку Златан Ибрахимовиќ, нивниот ривал постигна уште три погодоци до крајот на мечот.

Шведскиот интернационалец Ибрахимовиќ не можеше да се помири со елиминацијата па изби еден инцидент после завршувањето на средбата.

Непосредно пред да го напушти теренот, прво беше провоциран од дел од навивачите на Лос Анџелес ФЦ кои се радуваа на успехот на својот клуб, а потоа со еден срамен потег им возврати Ибра.

Американските медиуми веќе го најавија како негово последно излегување од терените во САД. Претходните денови се објавија информации дека после завршувањето на договорот со ЛА Галакси кој му истекува на крајот од годината, можно е да се врати на европско тло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот