Де Лаурентис најавува „бомба“: Ибрахимовиќ е моја желба!

twitter.com/wakilton

Златан Ибрахимовиќ најмногу сака да се врати во Италија, а неговиот менаџер Мино Рајола веќе повлекува потези. Во претходните денови се шпекулираше дека би можел повторно да го облече дресот на „неро-аѕурите“ со кои успеа трипати да ја освои Серија А.

Но, последните информации велат дека претседателот на Наполи, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Аурелио Де Лаурентис истакна дека Швеѓанецот е негова желба за зимскиот преоден рок.

Ибра не ја криел желбата и да ја заврши кариерата во Наполи. Договорот му истекува за два месеци во САД.

– Пред сè, тој ми е пријател. Го запознав не како фудбалер, туку како еден нормален човек во Лос Анџелес, бидејќи бевме сместени во ист хотел. Поминавме неколку добри денови, го повикав него, неговата сопруга и навистина љубезни деца заедно да вечераме – рече Де Лаурентис.

Воедно постои желба кај Де Лаурентис да дојде до соработка.

– Тој е моја желба, но зависи од него, не од мене. Секој има своја логика. Се зборува неколку месеци околу тоа – додаде првиот човек на Наполи.

Ибра има 38 години и веќе во текот на кариерата имаше големи успеси во Италија во дресот на Јувентус, Интер и Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот