Според Енвер Хоџај, на европските земји не им служи на чест да бидат „во ист брод со Русија“ во однос на Косово

Енвер Хоџај
Енвер Хоџај / Фото: EPA/VALDRIN XHEMAJ

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај го нарече „демократско лицемерие“ признавањето на Палестинската држава од страна на Шпанија надвор од Договорот од Осло, додека воедно одбива да ја признае независноста на Косово, наведувајќи го како причина процесот на косовско-српскиот дијалог со посредство на Брисел.

Заменик-претседателот на Собранието од редовите на опозициската Демократска партија на Косово, Хоџај, преку напис на социјалната мрежа „Х“, поранешен Твитер, порача дека на Шпанија и на другите европски земји не им им служи на чест „да бидат во ист брод со Русија кога е во прашање Косово“.

„Шпанија сè уште одбива да ја признае најмладата европска држава, Косово, повикувајќи се на процесот на дијалог во Брисел, но сепак ја признава Палестина, надвор од Договорот од Осло. Не им служи воопшто на чест на Шпанија и на другите европски земји да бидат во ист брод со Русија кога е во прашање Косово. Дипломатско лицемерие?“, напиша Хоџај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот