Француските производители на жестоки пијалаци во неволја, се помалку се пие коњак!

Фото: Unsplash

Намалена е и продажбата на француски жестоки пијалоци во првите пет месеци од оваа година, покажаа податоците на производителите, што сигнализираше продолжување на трендот на намалување во услови на намалена куповна моќ на потрошувачите во Франција и во светот.

Минатата година обемот на извозот е намален за 13 отсто, на 406 милиони литри, соопшти здружението на француски пшроизводители на алкохол, објави Пословни хр. Вредноста на извозот е намалена за 12 отсто, на 4,8 милијарди евра, покажуваат податоците на ФФС. Продажбата во САД потона за дури 36 отсто, со речиси ист процентуален пад на приходите.

Испораките на коњак се намалени за 21 отсто. Коњакот сочинува дури 70 отсто од францускиот извоз на жестоки пијалаци, а дестинација на дури 19,4 отсто од пратките била Кина, покажуваат податоците на производителот. Намалена е и продажбата на жестоки пијалаци на домашниот пазар, трета година по ред, посочуваат од здружението, наведувајќи дека кај големите малопродажни компании лани таа паднала за 4,3 отсто, на 251 милион литри.

Од 2020 година потона за 10 проценти, забележуваат тие. Потрошувачката на алкохолни пијалоци во францускиот угостителски сектор е намалена за два отсто. Цените растат, па потрошувачите се повеќе штедат, објаснува ФФС.

Единствената светла точка е потрошувачката на модерни пијалоци, како на пример ликерот од бозел, со стапки на раст од 39 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот