СПМ: Вработените во МВР професионално да ги извршуваат задачите за време на изборите

Напоменуваме дека изборите во пресрет на „Парламентарните избори 2020″ мораат да бидат фер и демократски и во таа насока обврска на секој полициски службеник е да ги преземе сите неопходни мерки со кои ќе се гарантираат фер и безбедни избори, стои во соопштението на СПМ.

Во пресрет на вонредните Парламентарни избори 2020 пред нас е голем предизвик како припадници на безбедносните служби, директно вклучени во процесот за одржување на иститепред се овозможување на фер и демократски избори на целата територија на Република Македонија, стои во соопштението на Синдикатот на полицијата.

Синдикатот на Полиција во Македонија упатува апел до вработените во Министерството за внатрешни работи, воопшто да не потклекнуваат на притисоците кои преку непрофесионален начин и незаконито влијание се спроведуваат последниот период од страна на раководители, началници и командири, кои во пресрет на изборите вршат притисоци и закани кон вработените а со цел да влијаат на лични одлуки и службени постапки преку повикување и алудирање да се гласа за одредена политичка партија.

Како Синдикат НАЈОСТРО се спротиставуваме на непрофесионализмот и ставањето на раководителите во функција и потреба на политичките партии и оттука недозволиво е и неприфатливо да се повикуваат вработените во МВР од страна на раководители да гласаат за одредена политичка партија како во случајот со раководител една на организациона единица во Сектор за внатрешни работи, а кој воедно е и претседател на Синдикална организација на Синдикат во рамките на МВР, кој наместо да ги спроведува законските прописи и воедно брани и ги заштитува работните права на вработените, заради лични и партиски интереси, истиот ЈАВНО ги повикува вработените преку социјална мрежа и наведува за која политичка партија да се гласа.

Оттука бараме од највисокото раководство во МВР и од ОВККИПС веднаш да бида превземени соодветни мерки согласно правилата и прописите на Министерството за ваквиот и сите понатамошни случаи против непрофесионализмот на работниците а особено поради партиско делување на раководители и работници во Министерството. Ги охрабруваме вработените во МВР и секој граѓанин кога ќе се соочат со непрофесионален однос во Полицијата, веднаш да го пријават секое несоодветно и незаконито однесување особено во пресрет на изборите посебно во делот на спроведување притисоци и принуди за незаконски постапки а за цел попречување на личната слободна волја на определување согласно загарантираните Уставни и законски права.

Напоменуваме дека изборите во пресрет на „Парламентарните избори 2020″ мораат да бидат фер и демократски и во таа насока обврска на секој полициски службеник е да ги преземе сите неопходни мерки со кои ќе се гарантираат фер и безбедни избори. Воедно повикуваме јавно за секој обид за поткуп или за било какво противзаконито влијание врз гласачите да биде пријавено и веднаш да бидат преземени мерки за негово санкционирање, стои во соопштението на Синдикатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот