СПЕКТАКЛ: Сите на Вардар-Веспрем, останаа уште билети за стоење!

РК Вардар 1961, двократен европски шампион/Фото: РК Вардар

Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Веспрем пуштен е дополнителен контингент на билети за истиот натпревар.

Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба дополнителни билети.

Истите се за секторот „СТОЕЊЕ“. Цената на билетите е 150 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за в недела, 1 декември во 17.00 часот во СЦ „Јане Сандански” – Скопје.

Во рамките од групата „Б“ ова ќе биде последен меч за „црвено-црните“ оваа година во ЛШ, после девет кола Веспрем е на второто место со 12 бодови, додека Вардарци се на шестото место со девет бодови.

Тешка, но воедно убава можност пред домашните навивачи македонскиот и европски шампион да им се врати на победничките патеки, веќе три меча по ред нема триумф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот