Спасувачки екипи спасиле десетина мигранти од потонат брод во Северното Море

Фото: ЕПА

Локалните власти од градот Ла Пан информираа дека спасувачките тимови успеале да ги извлечат сите лица од водата, но неизвесно е за сега во каква состојба се наоѓаат

Спасувачка мисија во белгискиот дел на Северното Море се одвива од рано изутринава кога потона брод кој пренесувал десетина мигранти.

Полицијата утрово пронашла човек околу три часот утрово во градот Ла Пан на границата со Франција кој ги информирал властите дека тринаесет други лица се наоѓаат во морето откако бродот со кој патувале потонал, пренесуваат медиумите.

Полицискиот хеликоптер не можел да биде употребен во мисијата поради лошите временски услови и маглата, но спасувачките тимови успеале да го лоцираат бродот во водата.

Локалните власти од градот Ла Пан информираа дека спасувачките тимови успеале да ги извлечат сите лица од водата, но неизвесно е за сега во каква состојба се наоѓаат. Градоначалникот изјави дека најверојатно станува збор за баратели на азил.

Мигрантите и бегалците преку Франција и Белгија се обидуваат да стигнат до Велика Британија, најчесто тие се кријат во камиони кои ја преминуваат границата, но неретко користат мали бродови и чамци.

Според властите пронајдени се сите лица од групата, но не е исклучено да има и други групи кои моментално се обидуваат да стигнат до Англија. Британската полиција соопшти дека се соочува со зголемен бран на бегалци последниве недели, наводно поради тоа што шверцерите ги алармирале мигрантите дека после Брегзит ќе биде потешко да се стигне до Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот