Спасовски со порака до Чулев: Оставката е морален чин

Наќе Чулев/Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Оставка од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со  одржаната литија во Струга според премиерот Оливер Спасовски е морален чин. Непочитување на одлуките, неактивирање на полициски службеници да преземат соодветни мерки, секако дека бара и одговорност, смета премиерот.

-Донесовме заклучоци и побаравме сите надлежни институции целосно да го расветлат целиот овој случај и за организаторите, за оние што присуствувале, оние кои не ги почитуваат одлуките на Владата и со тоа директно го доведуваат во прашање животот и здравјето на граѓаните да се отворат постапки. Побарвме и да се отвори постапка и во делот на организација на настанот во МВР, рече премиерот денеска одговорајќи на новинарски прашања по обраќањето  пред Споменикот на ослободителите на Скопје во дворот на Владата на Република Северна Македонија, а по повод 9 Мај.

Според него, оставката е морален чин.

-Ние се наоѓаме во време што е ненормално, време кое не изместува сите нас од обичниот начин на живеење и време кое ќе бара нова нормалност во идниот период. Непочитувањето на одлуките, неактивирање на полициски службеници тоа го казнуваат да се преземаат соодветни мерки, секако дека бара и одговорност – додаде Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот