Спасовски: Северна Македонија од конзумент стана гарант и извозник на безбедноста

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски / Фото: Фејсбук, Оливер Спасовски

Република Северна Македонија од конзумент стана гарант и извозник на безбедноста. Голем е тој пресврт. Тоа е достигнување достојно за влогот на сите претходни генерации граѓани на нашата земја кои искрено се вградија во овој процес. Тоа е достигнување вредно за сите идни генерации и тоа е нашиот влог за иднината на нашата земја, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

 За нас е многу важно членството во НАТО алијансата. Среќен сум што многу брзо дојде моментот кога ќе ја видиме важноста од членувањето во НАТО, бидејќи кога станавме членка некако како имагинарно нешто гледавме на тоа. Ефекти врз безбедноста имаат агресијата на Русија врз Украина, секако во регионот сите случувања кои што се поттикнати од политичките односи итн., кои што можат да бидат сериозна индикација за нарушување на безбедноста, а можат да влијаат и врз Република Северна Македонија, објави Спасовски.

Три години од ратификацијата во македонското Собрание на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, напиша на фејсбук Спасовски, треба да бидеме горди што сме дел од семејството на најмоќниот безбедносен воен и политички сојуз, што претставува синоним и за највисоките демократски вредности.

3 години од ратификацијата на договорот со НАТО

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот