3 години од ратификацијата на договорот со НАТО

Целосна воена интеграција на Северна Македонија во НАТО/Фото: МИА

Пред точно три години на овој ден, Собранието со огромно мнозинство го ратификуваше Северноатлантскиот договор со кој нашата држава стана дел од НАТО – најголемиот воено безбедносен сојуз. Денес, кога Европа сведочи на руската агресија врз суверена држава како Украина, јасно е колку е важно што сме една од триесетте држави членки на НАТО чија безбедност и територијален интегритет се силно заштитени, порачаа од СДСМ.

– Пред точно три години само заложникот на Димитар Апасиев и пионот на Никола Груевски, не смогна сили да честита на историскиот успех. Додека цела сала во Собранието аплаудираше и честиташе на ретификацијата на Северноатлантскиот договор, Мицкоски си ги креваше пантолоните и го месетеше каишот, неможејќи да се помири со успехот на државата. И до ден денеска Мицкоски молчи за овој успех и не само што не успеа да честита, туку уште повеќе посветено работи против европската агенда на државата. Мицкоски исто како неговиот ментор Груевски работи против интересите на граѓаните и на државата – се вели во соопштението на партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот