Спасовски: ОЈО немаше храброст да ги притвори заканувачите од „Александар палас“

МВР интензивно работи на истрагата за расчистувањето на случајот со пукањето во „Александар палас“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешниот престој во Прилеп, одоговарајќи на прашањето до каде е истрагата за тој случај.

Спасовски изрази жалење што обвинителството, како што рече, немало храброст да одреди притвори за осомничените.

– Се работи на истрагата за инцидентот со пукањето во хотелот „Александар палас“. За овој инцидент, знаете, имавме и неколку приведени кои упатуваа сериозни закани по животот на колегите-полицајци. Жалам што обвинителството немаше храброст зашто повторно помина со мерки на обезбедување, наместо со притвори. Но, ние интензивно работиме на тој случај – изјави Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот