Спасовски: Од понеделник започнуваме со повторно издавање на лични документи

Оливер Спасовски /Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денес е во посета на Берово по повод откривањето на Спомен обележјето на четворицата беровски бранители. На новинарско прашање поврзано со застојот во МВР со издавањето на лични документи и патни исправи, тој вели дека од понеделник ќе се започне со нормално функционирање.

Како причина за застојот со издавањето на документи ја наведе големата побарувачка поради ковид кризата.

– Лични документи се издаваат и сега, едноставно имаше само зголемен обем на побарувачка поради ковид кризата. Многу од луѓето не виделе дека им истекуваат личните документи и патните исправи. Имаме најава дека од денеска од 21 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем за издавање на документи, тоа е процедура која мораме да ја завршиме, бидејќи на тоа не обврзуваат и Законите и Устваот. Од понеделник започнуваме со нормално функционирање, застој ќе биде четврток, петок и викендот што следи. Апелирам за трпение кај граѓаните, ние го променивме и законот. Од први јули ќе можат сите кои им истекле патните исправи и личните документи ќе продолжат да важат до крајот на годината, истакна Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот