Спасовски: Очекувам наскоро договор и одлука за отворање на границите во регионот

Премиерот Оливер Спасовски очекува земјите од регионот наскоро да постигнат договор и да донесат одлука за отворање на границите.

Спасовски додаде дека е во постојана комуникација со своите колеги од соседните држави со кои, како што истакна, се разговара за отворање на границите.

– Неодамна напоменав дека одржавме и една конференција која имаше за главна цел токму со справувањето со КОВИД 19, отворање на границите, отворање на можностите меѓу државите од регионот. Тоа е најважно заради тоа што ако ги отвориме границите, имаме слободен проток на луѓе, стоки, услуги и тогаш економијата ќе доживее своја експанзија. Јас очекувам дека таков договор ќе биде постигнат и наскоро ќе може да носиме одлуки за отворање на границите за целиот овој регион, рече Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Карбинци каде присуствуваше на поставување камен темелник на место викано „Висок врв”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот