Спасовски: Донесување закон за јавно обвинителство уште еден позитивен аргумент да се биде поблиску до ЕУ

Тој вели дека се уште се работи на усогласување на ставовите за Закон за јавно обвинителство, затоа што тоа е важно за европската перспектива за Република Северна Македонија.

Премиерот Оливер Спасовски смета дека до распуштање на Собранието има простор за донесување на Законот за јавно обвинителство, но и сите други законски решенија што се потребни во насока на исполнување на обврските, со цел добивање датум за преговори со ЕУ.

Тој вели дека се уште се работи на усогласување на ставовите за Закон за јавно обвинителство, затоа што тоа е важно за европската перспектива за Република Северна Македонија.

– Многу е важно секој политички субјект, сите пратеници во Собранието, групи и така натаму да бидат на висината на сопствената одговорност и се уште сметам дека таа одговорност што ја имаат пред се пратениците пред граѓаните на Република Северна Македонија ќе преовладува пред секој личен партиски или не знам каков друг интерес. Јас очекувам дека ќе има можност и ќе создадеме парламентарно мнозинство кое ќе го поддржи новиот Закон за јавното обвинителство. Јас посакувам тоа да бидат сите политички субјекти,сите да се вградат во иднината на оваа држава, рече Спасовски.

На новинарско прашање дали ќе има проекти за подобрување на водоводната инфраструктура во Тетовско, Спасовски со одговор дека токму затоа е важно Република Северна Македонија да ги отвори преговорите со Еврoпската унија, да има пристап до европските фондови за надминување на тие проблеми.

– Владата е тука да поддржи, да овозможи услови, да бараме средства финансиски, дали се тоа преку домашните странските кредитори, се со цел да успееме да подигнеме едно повисоко ниво на градба на комунална инфрасктрура во државата и заради тоа се покажува важноста зошто е важно Република Северна Македонија да ги отвори преговорите со Европската унија да можеме да имаме пристап до Европските фондови. Само таков пристап до европските фондови може да ги решат сите проблеми во државата, а тоа се покажа кај земјите од опкружувањето тие проблеми први ги решија со користење ЕУ фондови, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека Владата засега за водоводна инфраструктура ги помогна општините во нивните надлежности да ги намалат долговите. Исто така посочи дека постои можност и со законско решение јавните комунални претријатија да подготват проекти за кои ќе добијат финансиски средства преку Министерство за транспорт и врски насочени за канализациони и водоводните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот