Спасовски: Бадник нè потсетува на важноста на семејните вредности и споделената надеж

Оливер Спасовски/ Фото: МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка во која посака радосно и благословено празнување на Бадник.

-На овој светол ден, Бадник, предвечерието на Божик, со топлина во срцата и радост во душите ги пречекуваме најсветлите моменти на заедништвото и традицијата, напиша Спасовски на Фејсбук.

Министерот додава дека овој празник нè потсетува на важноста на семејните вредности, на заедницата и споделената надеж. Во овие свети моменти, како што посочува, да не заборавиме и на оние кои имаат потреба од подадена рака на солидарност и поддршка.

-Нека бадниковата вечер ни донесе обнова на христијанските вредности и обединување во заедничките стремежи за подобра иднина. Со овие мисли, ви посакувам радосно и благословено празнување на Бадник. Нека светлината и радоста на празникот ве следат низ целата нова година.Честит Бадник!, се вели во објавата на Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот