Спасеновски: МПЦ ќе добие томос за автокефалност

Фото: ТВ Телма / принтскрин

Професорот и поранешен пратеник, Александар Спасеновски, вели дека целокупниот процес со статусот на Македонската православна црква доби на динамика со одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај.

Според него, заслуги за решавање на статусот на црквата има и во Преспанскиот договор, кој освен членството во НАТО, ја донел и оваа придобивка.

„Серијата на активности во рамките на православната црква поврзани со известувањето на Синодот, изјавите на вселенскиот патријарх, писмата од македонскиот државен врв, писмата на вселенскиот патријарх до СПЦ итн. Сè тоа се серија на настани кои доведоа до ова кое го имаме денеска. Меѓутоа, треба да бидеме искрени и тоа јавно да го кажеме дека ако треба да ги бараме и да ги најдеме придобивките од склучувањето и потпишувањето на Преспанскиот договор со кој беше надминат долгогодишниот спор кој го имаше Република Македонија со Република Грција околу уставното име на нашата држава, освен членството на НАТО, во тој случај бездруго тоа е и ова кое го живееме, а е поврзано со стекнувањето на автокефалниот статус на МПЦ“, рече Спасеновски во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма.

Тој смета дека во процесот меѓу СПЦ и МПЦ-ОА никој не бара меѓусебно да се откажат или прифатат нешто, како и дека процесот оди кон тоа МПЦ да добие автокефалност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот