поплави србија фото: скриншот/инстаграм

Спасени се пет деца во село кај Врање: Дворовите од нивните куќи биле 80 сантиметри под вода

Во градот Павловац во близина на Врање, спасувачката интервенција поради поплави вечерва беше успешно завршена.

Пет деца и четири возрасни беа евакуирани од четири семејни куќи, чии дворови беа под вода на висина од околу 70-80 сантиметри, објави Блиц.рс.

Пријавата е примена во 18:35 часот, а екипите веднаш се испратени на терен. Четири пожарникари-спасувачи со две возила и со пумпа, како и двајца членови на Екипата за спасување и водоснабдување, опремени со чамец, беа испратени на интервенција.

Од безбедносни причини, Електродистрибуција ја исклучи електричната енергија, а во интервенцијата учествуваа четворица пожарникари со две возила од ВСЈ Врање.

Вкупно деветминса, меѓу кои пет деца, беа евакуирани од четири куќи. Акцијата беше успешно завршена во 19:16 часот.

Службата за вонредни ситуации на градот Врање им обезбеди привремен сместувачки капацитет на евакуираните во Центарот за стари и болни лица во Врање.

Нивото на водата на реките Ветерница и Јабланица, кое вчера нагло се зголеми поради обилните врнежи од дожд, денес почна да се стабилизира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот