Спартански тренинзи на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Првиот тенисер на АТП ранг листата престојот на својот имот го искористи за интересен тренинг.

Новак Ѓоковиќ по неколкудневниот престој во БиХ, се врати во Србија и ги ги започна подготовките за новата сезона. Ѓоковиќ замина во Јахорина каде има имот и заедно со својот татко Срѓан одлучија да пренесат едно дрво преку брдото.

„Не сте нормални, какви двајца лудаци. Не можевте да изберете пострмна патека“, зборуваше мајка му на Новак, Дијана додека ги снимаше како го носат дрвото.

„Ова е ултра. Се подготвуваме со стариот да се пријавиме за стронгмен“, одговори Новак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот