Спалети го објави поширокиот список на фудбалери за Европското првенство

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети објави поширок список од 30 играчи на кои смета за претстојното Европско првенство 2024.

Како што и се најавуваше, не е повикан капитенот на Лацио, Чиро Имобиле, ги нема Локатели, Гати, суспендираниот Тонали и повредениот Ѕаниоло.

За италијанските медиуми изненадување беа поканите на адресите на Ел Шарави и Фанџоли, додека првата покана ја доби Рикардо Калафиори од Болоња, кој имаше одлична сезона.

Италијанците на ЕП се во групата „Б“ со Шпанија, Хрватска и Албанија.

Четворица ќе отпаднат, а во продолжение составот на Италија:

Голмани: Донарума (ПСЖ), Викарио (Тотенхем), Мерет (Наполи), Проведел (Лацио).

Одбрана: Ачерби, Бастони, Дармијан, Димарко (Интер), Скалвини (Аталанта), Бонџорно, Беланова (Торино), Манчини (Рома), Калафиори (Болоња), Ди Лоренцо (Наполи), Камбијасо (Јувентус).

Среден ред: Барела, Фратези (Интер), Кристанте, Пелегрини (Рома), Фанџоли (Јувентус), Жоржињо (Арсенал), Ричи (Торино), Фолоруншо (Верона).

Напад: Киеза (Јувентус), Распадори (Наполи), Ретеги (Џенова), Скамака (Аталанта), Орсолини (Болоња), Ѕакањи (Лацио), Ел Шарави (Рома).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот