Спадафора: Се надевам дека наскоро ќе тренираат фудбалските клубови

EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Разговорите во Италија и натаму немаат позитивен епилог околу конкретни мерки за минимизирање на ризикот од инфекција со коронавирус.

Првите луѓе на италијанскиот фудбал ги продолжува разговорите со тамошната влада, двете страни сè уште не се согласиле за медицинските протоколи околу продолжувањето на сезоната.

Министерот за спорт, Винченцо Спадафора вели дека разговорите и натаму немаат позитивен епилог околу конкретни мерки за минимизирање на ризикот од инфекција со коронавирус.

Ова е многу сложено прашање со многу барања од лекарите. Сега научен и технички комитет ќе подготви проценка, која ќе биде доставена до Министерството за здравство. Се надевам дека сите проблеми ќе бидат решени и од 18 мај клубовите ќе можат да продолжат со заеднички тренинзи не само во фудбалот, туку и во другите спортови – рече Спадафора.

Според „Гаѕета дело Спорт”, постојат два главни проблеми. Првиот е за количината на тестови што треба да се направат меѓу фудбалерите и вработените во клубот, за да не наштети на остатокот од популацијата на земјата. А вториот е поврзан со начинот на дејствување во случај на позитивен резултат за „Ковид-19″ во екипите.

Една теза во таква ситуација е дека сите играчи од даден клуб треба да бидат во карантин, а другата е дека само играчот со позитивен тест треба да биде самоизолиран, а остатокот од неговите соиграчи треба веднаш да се проверат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот