СП: Американците рутински, Грција подобра во балканската пресметка!

fiba.basketball

Во рамките од групата Х, Литванија со 101:47 го декласираше Сенегал, како најдобри стрелци се одвоија Мантас Калниетис, Домантас Сабонис и Јонас Валанчиунас со по 13 поени.

Во дуел на балкански селекции во групата Ф Грција со 85:60 беше подобра од Црна Гора. Најефикасен во победничките редови беше Георгиос Принтезис со 16 поени.

Селекцијата на Соединетите Американски Држави покажа зошто и годинава е меѓу кандидатите за светското злато, иако не дојде во Кина со најсилните НБА ѕвезди.

Американците со 88:67 славеа против чешката репрезентација, предводени од Донован Мичел со 16 поени, два помалку запиша Харисон Барнс.

Во поразениот состав доминираше Томас Саторански со 17 поени, следен од Војтех Хрубан и Јаромис Бохацик со по 13 коша.

Светско првенство Кина 2019

Резултати –

Канада-Австралија 92:108
Нов Зеланд-Бразил 94:102
Доминиканска Република-Јордан 80:76
Турција-Јапонија 86:67
Сенегал-Литванија 47:101
Грција-Црна Гора 85:60
Чешка-САД 67:88
Франција-Германија 78:74

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот