СП 2022: Каков успех за Перишиќ – подобри се само Меси и Мбапе

Иван Перишиќ („Хрватска“) го постигна израмнувачкиот гол против Јапонија на СП 2022/фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Во осминафиналето на Светското првенство во Катар по регуларните 90 минути резултатот на натпреварот Хрватска – Јапонија е 1:1, па мечот оди во продолженија.

Откако Јапонците постигнаа водечки гол пред крајот на првото полувреме преку Даизен Маеда (43`), израмнија „коцкестите“ во 55 минута преку Иван Перишиќ.

Така, Перишиќ учествуваше на вкупно 10 гола на 14 натпревари на светските првенства. Хрватскиот репрезентативец запиша шест гола и четири асистенции.

Уште од моментот кога го направи своето деби за репрезентацијата, само Лионел Меси и Килијан Мбапе се поуспешни.

Аргентинецот Меси постигна осум гола и имаше четири асистенции на 12 настапи, а француската ѕвездда Мбапе со реализирани девет голови и две асистенции на 11 настапи.

Видео на денот