Создавачот на „The Simpsons“ откри зошто ликовите се жолти

Фото: Profimedia

Култниот американски анимиран ситком „The Simpsons“ се прикажува од 1989 година и има неверојатни 34 сезони, а Хомер, Марџ, Барт, Лиза и Меги станаа нераскинлив дел од поп-културата ширум светот.

Но, многумина се прашуваат: „Зошто ликовите во оваа анимирана серија се жолти?“.

Создавачот на „The Simpsons“, Мет Гронинг одговорил на ова прашање во едно интервју за Би-би-си.

„Една аниматорка го смисли ‘жолтилото’ на Симпсонови и штом ми го покажа, ѝ реков: ‘Ова е одговорот! Кога ќе ги менувате каналите и кога ќе ви се појави жолтата боја, вие ќе знаете дека ги гледате Симпсонови на телевизија’.“, одговорил Гронинг и додал дека не сакал да ги избере „конвенционалните бои од анимираните филмови“ за своите ликови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Simpsons (@thesimpsons)

Своевремено, на гледачите им било чудно да ги гледаат членовите на семејството Симпсон во жолта боја, но тие се навикнале со текот на времето.

Со оглед на големиот успех на „The Simpsons“, овој чекор на Гронинг бил генијален. Но, постои голема веројатност дека и „теоријата на боите“ одиграла голема улога во изборот на жолтата боја.

Општо е познато дека жолтата боја има психолошко влијание врз човечкиот мозок. Поради начинот на кој нашите очи ја обработуваат светлината, жолтата боја е највидлива за човечкото око, а исто така претставува оптимизам и радост.

ВИДЕО | „Симпсонови“ ја предвиделе руската инвазија на Украина уште во 1998 година?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот