Современ пластеник, донација од Чешка, за земјоделското училиште „Браќа Миладиновци“

Учениците од земјоделската струка во СУГС „Браќа Миладиновци”, во Кисела Вода, во рамки на проектот за „Промоција на органското производство во средните стручни училишта” добија современ пластеник, донација од Чешката Република.

Денеска директорката на училиштето, Елизабета Ангелеска и чешкиот амбасадор, Мирослав Томан свечено го пуштија во употреба пластеникот.

На отворањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и дел од наставниот кадар. Во пластеникот поставени се системи кои на растенијата ќе им ги обезбедат потребните услови.

Пластеникот е покриен со плексиглас, во него топлината ќе се одржува со парно греење, инсталирани се вентилатори кои ќе ја регулираат температурата и релативната влажност на воздухот. Во истиот инсталиран е современ систем за наводнување „капка по капка”. За целосно искористување на просторот дополнително направени се држачи за цвеќиња.

Учениците во пластеникот практично ќе ги применуваат стекнатите знаења, ќе вршат производство на сезонски цвеќиња и повеќегодишни декоративни растенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот