Советот за безбедност на ОН ќе одржи вонредна седница поради ситуацијата во Мјанмар

Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи вонредна седница поради ситуацијата во Мјанмар, по воениот преврат во земјата.

Седницата, која ќе се одржи преку видеоконференција, ќе се одржи зад затворени врати, според календарот кој денеска го одобрија членовите на Советот.

Во меѓувреме, норвешкиот Нобелов комитет денеска соопшти дека е згрозен од апсењето на лидерката на Мјанмар Аун Сан Су Чи, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1991 година.

– Норвешкиот нобелов комитет е згрозен од воениот преврат во Мјанмар и апсењето на добитничката на Нобеловата награда за мир Аун Сан Су Чи, претседателот Вин Минт и други политички лидери, соопшти комитетот, повикувајќи на нивно „итно ослободување”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот