Советот на Руската Федерација го ратификуваше Нов СТАРТ на пет години

владимир путин
Рускиот претседател Владимир Путин / EPA-EFE/MICHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Горниот дом на рускиот Парламент едногласно го ратификуваше договорот за контрола на нуклеарното оружје – Нов СТАРТ на пет години, што беше предложен од претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Тоа е добар договор кој исцрпно ја обезбедува националната безбедност на Русија. Доколку овој договор не беше продолжен, ќе отвореше нови можности за понатамошна трка во вооружувањето, изјави претседателот на Комитетот за меѓународни работи на руската Дума, Константин Косачев.

Кремљ вчера соопшти дека САД и Русија се согласиле за продолжување на договорот, потпишан во 2010 година, што треба да истече следниот месец.

Минатата недела американскиот претседател Џозеф Бајден предложи петгодишно продолжување на овој договор, познат како Нов СТАРТ, со кој Русија и САД меѓусебно се ограничуваат по прашањето на нуклеарно оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот