Сотировски: Крстот на Попова Шапка е поставен на манастирски имот, што правиме со многуте објекти изградени на државно земјиште?

Фото: Фејсбук

Потребна е внимателност и воздржаност од сите за ситуацијата околу Попова Шапка, напиша на својот Фејсбук профил Претседателот на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски.

Тој вели дека на Попова Шапка со години наназад гради кој каде ќе стигне.

„Тоа и покрај повиците на многумина стручни лица, но и сопственици на викенд куќи и хотелиери, Општина Тетово не најде за сходно да го разреши преку усвојување на урбанистички планови и соодветно одобрување на изградба, поставување времени објекти, опрема и инсталации, но и соодветна непристрасна и неселективна надзорна и казнена поставеност.За разлика од многубројните објекти, на катови и со оградени дворови на државно земјиште, Крстот е поставен на манастирски имот и прашање е дали било каде во земјава за поставување на крст во двор на манастир некој дал дозвола. Крстот е верско обележје.Што правиме со многуте објекти профани и сакрални изградени на државно земјиште? Ете, на Попова Шапка такви има насекаде. Зошто за ниту еден од нив до сега не заседаваше вонредно Советот? Добро е да се одржи вонредна седница на Советот на Општина Тетово како што побарале дел од советниците, но нека биде отворена за јавноста и нека се понудат одговори на многу прашања кои граѓаните со сигурност ги имаат. Двојните аршини се погубни во демократија.Зачудува и експресното свикување на вонредна седница (за нецели 3 часа од барање), особено имајќи во предвид дека на пример барањето предлогот на ,,Тетово сака парк” да биде разгледан на седница на Совет на општина Тетово сеуште чека речиси две години.Верските симболи ги следат верските објекти, крстот и минарето одат до цркви и џамии. Во мултикултурно и мултирелигиско општество со секој човек пак, мора да оди толеранцијата и почитта кон различниот“, стои во Фејсбук објавата на Сотировски.

За поставениот 15 метарски крст на имотот на манастирската црква „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка реагираа политички партии и Општина Тетово.

Советничката група на ДУИ одржа прес-конференција и побараа образложение од Општина Тетово за поставувањето на крстот.

„Бараме првиот човек на општината да биде на седницата за да ни се даде образложение како е поставен тој крст таму, изјави Лиридон Диша“, општински советник на ДУИ за медиумите на албански јазик.

Општина Тетово испрати соопштение до јавноста во кое вели дека општинските инспектори биле на терен за да ја проверат фактичката состојба и да извршат проценка, според која ќе бидат преземени законски мерки за гарантирање на целосно спроведување на правилата и процедурите.

Вонредна седница на Советот на Општина Тетово откако на црковен имот на Попова Шапка беше поставен крст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот