Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот, заразени 1.169.323 лицa

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.169.323 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 62.730, а оздравеле 241.770 луѓе.

– Смртните случаи на државата Њујорк во последните 24 часа достигнаа 630 – најголем број за еден ден. Со ова вкупниот број на жртви на Ковид-19 достигна 3.565. Во оваа држава заразени се вкупно 113.704 луѓе.

На целата територија на САД заразени се 278.568 луѓе, а починале 7.163.

– Најмалку 15 медицински работници во главната онколошка болница во Египет се во карантин откако биле тестирани позитивни на коронавирусот. Во Египет досега се потврдени околу 1.000 случаи на коронавирус и починале 66 лица.

– Во текот на изминатите неколку дена, епидемиолошката состојба во Италија е стабилна, според бројот на заразени, починати и излечени пациенти, а Граѓанската заштита потенцира дека состојбата е различна во некои делови од земјата. Во некои области циркулацијата на Ковид-19 е поголема, ве некои е помала. Во Италија нема област каде нема Ковид-19.

– Сингапурското Министерство за здравство соопшти дека се потврдени 75 нови случаи на коронавирусот во таа град-држава, што е најголемото дневно зголемување на бројот на заразени лица во Сингапур. Досега има 1.189 заразени, а шест лица починале.

– Обединетите Арапски Емирати официјално побараа одложување за една година на Светската изложба „Експо 2020″ закажана за октомври во Дубаи, поради пандемијата на коронавирусот, објави Меѓународното изложбено биро.

– Петгодишно дете почина од новиот коронавирус во Велика Британија. Досега најмладиот починат пациент имал 13 години.

– Бројот на заразени со новиот коронавирус во Белорусија се зголеми од 351 на 440 лица. Во земјата досега има шетмина починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот