Состојба со коронавирусот во светот до 17 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 494.121 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 22.266, а оздравеле 119.785 лица.

– Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ќе го адаптира својот стадион „Сантијаго Бернабеу” во магацин за медицински материјал и опрема.

– Јапонија ќе воведе забрана за влез на странски патници кои пристигнуваат од 21 европска земја и од Иран, согласно рестриктивните мерки за спречување на новиот коронавирус, изјави јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

– Во Србија се потврдени уште 73 случаи на зараза со Ковид-19, со што вкупниот број сега изнесува 457 лица. Почина уште едно лице, на 48-годишна возраст, што е трета жртва денеска, и вкупниот број на смртни случаи во земјата сега изнесува седум лица.

– Во Мајами е воведен полициски час, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Забрането е движење од 22 часот навечер до пет часот наутро.

– Бројот на заразени со коронавирусот во Германија се зголеми на 36.508 лица, што е за 4.954 повеќе од вчера, и 198 починати, а претседателот на државата Франк-Валтер Штајнмаер истовремено ги повика граѓаните да покажат солидарност и надвор од границите на Германија.

– Унгарската Влада очекува пик на епидемијата на Ковид-19 во јуни и јули, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан. Според официјалните податоци, во земјата досега има 261 заразено лице, а десет луѓе починале.

– Словенија има резерви на заштитна опрема за уште една недела, соопшти Словенечката служба за цивилна заштита.

– Бројот на смртни случаи од коронавирус во САД е над илјада, а болниците во Њујорк и другите центри на зараза се борат да примат се поголем број на пациенти.

– Бројот на потврдени случаи на зараза со коронавирус во Холандија се зголеми за 1.019 (16 отсто) и достигна 7.431, соопштија здравствените власти во земјата.

– Кризата со коронавирусот во Германија предизвика намалување на цената на млекото.

– Илјадници австралиски здравствени работници ќе учествуваат во клинички испитувања за да утврдат дали вековната вакцина против туберкулоза може да го победи новиот коронавирус, соопштија научници.

– Рускиот претседател Владимир Путин верува дека Русија може да го победи коронавирусот за помалку од три месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот