Состанок на нуклеарните сили во Каиро, организиран од САД

Стејт Департментот на САД
Стејт департментот на САД / Фото: Архива на „Слободен печат“

САД свикаа состанок овој месец на кој учествуваа експерти од Кина, Русија, Франција и Велика Британија за да разговараат за нуклеарното оружје, вклучувајќи го и намалувањето на поврзаниот стратешки ризик, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

Во соопштението се додава дека Вашингтон бил домаќин на состанокот од 13 до 14 јуни во Каиро, на кој присуствувале претставници на петте земји со нуклеарно оружје, опишувајќи го состанокот како „тековна размена во контекст на Договорот за нуклеарно неширење“.

Тие експерти се од релевантните министерства за надворешни работи за одбрана на земјите, а разговорот бил воден на тема „стратешко намалување на ризикот, како и за нуклеарни доктрини и политики“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот