Сораја, принцезата со тажен поглед и уште потажна судбина

Шахот и неговата трета жена, Фарах, која конечно му родила наследник. Фото профимедиа

Жена со смарагдни очи и исклучителна убавина поминала 8 години на тронот на пребогатиот Иран. Од царското семејство била протерана зашто не родила наследник. За жените од конзервативниот арапски свет, приказната за „преубавата принцеза со тажни очи“ е легенда која се пренесува од мајка на ќерка…Сораја била втора жена и голема љубов на иранскиот шах Мохамад Резе Пахлави.

Последниот ирански цар Резе Пахлави, се оженил со Сораја Есфандијари – Бахтијари, откако се развел од принцезата Фавзија Египетска, позната како Фавзија Фуад, најстарата ќерка на египетскиот крал Фуад Први и кралицата Назли Сабри. Нејзниот брак со персијскиот шах траел 9 години (1939. -1948.). Се развеле зашто не му родила машко дете, туку ќерка, а за династијата се „броело“ само машкото потомство.

Но, убавата Фавзија тешко наоѓала заеднички јазик со мајката на шахот Тај О Молук, па не се бунела кога почнале често да ја предупредуваат дека времето да подари наследник ѝ е истечено. Се премажила за египетскиот министер Исмаил Хусеин Ширин во 1949 година, со кого била среќна. Родила две деца, ќерка и син. Важела за најубава жена во Египет, а списанието „Лајф“ ја нарекле Венера од Азија.

Принцезата Сораја од Иран, фото facebook

Принцезата Сораја од Иран била 11 години помлада од својата претходничка Фавзија. Родена е во 1932 година во Исфахан, каде се преселиле нејзините родители од Германија. Нејзиниот татко Калил бил припадник на иренаско благородништво и бил ирански амбасадор во Германија каде ја запознал мајката на Сораја, Ева Карл.

Сораја имала турбулентно детство зашто нејзините родители постојано се селеле. Се школувала во Англија, Швајцарија и Франција. Во Лондон ја запознала сестрата на иранскиот шах, принцезата Чамс. Кога имала 16 години била претставена на иранскиот веќе разведен шах. Кога Пахави ја видел црнокосата девојка со смарагдни очи, смртно се вљубил во неа! Но освен што имала исклучителна убавина, Сораја била и врвно образувана. Зборувала пет странски јазици, имала дамски манири и прилично либерални ставови, што било резултат на животот во Европа и воспитувањето од мајка ѝ Германка. Шахот бил целосно маѓепсан.

Шахот и Сораја, фото Фејсбук

Парот бргу се верил – Пахлави ѝ подарил на Сораја дијамант од 22,37 карати за кој пишувале сите светски весници. Кога Сораја наполнила 19 години се венчале. Венчаницата за неа лично ја дизајниран Кристијан Диор. Просторот во кој се венчале бил украсен со тон ипол орхидеи. Присуствувале 2 илјади кралеви, принцеви, верски поглавари, политичари, султани, најмоќните луѓе во светот… Така Сораја станала царица на 20 милиони луѓе.

Подароците од свадбата биле донирани на Фондот за иранските сиромаси. Сталин им подарил за свадбата скапоцена бунда за Сораја и сервис за чај украсен со дијаманти, а не биле „помали“ ни другите подароци. Но, зошто толку скапи подароци и таква наклонетост кон шахот? Поради иранската нафта.

Во друштво на Черчил, фото Фејсбук

Црното злато

Кога династијата Пахлави го презела тронот, сакале да го модернизираат Иран кој останал под доминантно влијание на странските сили. На престолот бил поставен Реза Пахлави (1941) кој ќе продолжи со модернизација на земјата и по војната. По уставната криза, Мохамед Реза Пахлави избегал во Италија, но по интервенцијата на војската која го поддржала, повторно се вратил и се ослободил од противникот Мосадега кој се противел на големите овластувања на шахот и на странскиот капитал во иранската нафтена индустрија.

Пахлави повторно се обидел да ја модернизира државата, но поврзаноста со американскиот капитал, претераното богатење и одвлекувањето на богатството од земјата, предизвикале отпор кај народот. Незадоволната маса, предводена од Хомеини, направиле револуција против шахот и династијата Пахлави. Мохамед Реза под општиот притисок во 1979 година ја напуштил земјата, а кога во 1979 година со референдум била изгласана Исламска Република Иран, власта на династијата Пахлави формално престанала.

Ни после неколку години брак Сораја не останала бремена, па од стерилитет се лекувала во Франција и Швајцарија, а кога на шахот му било сугерирано да ожени уште една жена, која ќе му роди деца, образованата и самосвесната кралица Сораја навредено си заминала од Иран кај родителите во Германија. Шахот ја молел да се врати, ѝ испраќал дипломати со неа да разговараат, но Сораја не се согласила да го дели мажот со уште една жена.

Сепак, според законот за кралот да се ожени со уште една жена, била потребна дозвола од првата жена, а Сораја не сакала да потпише повикувајќи се на светиот брак. Така, на шахот не му останало ништо друго туку повторно да се разведе. Сораја тогаш имала 26 години.

По разводот започнала актерска кариера

Царицата Сораја и царот Реза живееле во среќен брак, но биле присилени да го прифатат разводот. Сораја се откажала од саканиот сопруг и од тронот, но јавно зборувала дека примената на законот е неправедна. Таа нејзина постапка натерала многу жени од Иран да размислуваат слично. Но, се останало само на размислувања…

Сораја била принудена да потпише развод, фото Фејсбук

Фарах

Шахот Реза повторно се оженил, овојпат со 21-годишната Фарах Дибу. Таа станала иранска царица во 1967 година кога нивниот син наполнил седум години. Но, толку посакуваниот син – наследник не го наследил татка си, тој живее во САД и Франција заедно со мајка му и останатите членови на семејството. Царот Реза починал во прогонство. Фарах и денес се ословува како царица. На Сораја пак, и после разводот ѝ било дозволено да ја носи титулата Принцеза од Иран. Се преселила во Франција и почнала филмска кариера, и покрај филмот ја запознала и својата нова љубов, италијанскиот режисер Франко Индовина. Врската била многу хармонична и двајцата биле пресреќни и вљубени, но после пет години тој загинал во авионска несреќа.

Шахот и неговата трета жена, Фарах, која конечно му родила наследник. Фото профимедиа

По смртта на Франко, скршена од болка, Сораја се преселила во Париз каде купува стан на Шамзелизе. Во станот се враќала после честите патувања. Останатиот дел од нејзиниот живот биле во знакот на немирот и депресиите.

Сораја била принцезата Дијана за своето време. Секаде била следена од новинари и што и да направела ги полнела светските насловни страници. Била една од најубавите и најфотографираните жени на 20.век.

Сораја не комуницирала со третата сопруга на шахот, дури ни тогаш кога и двете во исто време живееле во Париз.

Сораја во станот во Париз, фото Фејсбук

Во 2001 година, од необјаснети причини, принцезата Сораја починала во својот стан Париз.Имала 69 години.

Откако чул за смртта на сестра си, нејзиниот помал брат Бијан, во голема жалост изјавил: „По неа, немам веќе со кого да разговарам.“ Скршен од болка починал една недела подоцна.

Сораја била погребана во Минхен, заедно со братот во гробот на нивните родители. Мистериозната смрт на Сораја и нејзиниот брат, според некои изјави се должела на тоа што биле и двајцата убиени, но овие тврдења не се докажани. Нејзините работи биле продадени на аукција во Париз во 2002 година, за повеќе од 8,3 милиони американски долари. Само нејзината венчаница од Диор достигна сума од 1,2 милиони американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот