Сопругата го стопира трансферот на Томас Милер во Манчестер јунајтед

Томас Милер и Лиза Милер
Томас Милер ја послуша сопругата и не ја напушти Германија / Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Сопругата на на Томас Милер, Лиза во 2015 година го блокира трансферот на фудбалерот на Баерн Минхен во Манчестер јунајтед.

Ова за „Билд“ го откри поранешниот менаџер на Јунајтед, а сегашен селектор на Холандија, Луис ван Гал.
Ван Гал открива дека разговорите со Милер се воделе и во 2014 и во 2015 година, а вториот пат се било договорено, се додека не се вмеша Лиза.

Во Јунајтед биле подготвени да платат 100 милиони евра обесштетување, а Милер го очекуваше годишна плата од 16 милиони фунти. Но, Лиза не сакала да ја напушти Германија и да се пресели во Англија.

– Во 2015 година тоа можеше да биде рекорден трансфер доколку сопругата на Томас беше малку флексибилна по прашањето на селидба во странство. Барем така му кажа Томас на мојот асистент Марсел Баут кој преговараше со него. Трансферот на Томас во Јунајтед пропадна поради Лиза – открива Ван Гал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот