СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ШТИП-РАДОВИШ: Четири лица потешко повредени

Во тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш кај селото Лакавица повредени се четири лица. Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила во 14:47 часот меѓу товарно моторно возило со скопски регистерски таблички управувано од 37 годишниот Т.Д. од Велес и автомобил марка „ голф” со радовишки регистарски ознаки управуван од 46 годишниот Ж.К. од село Ињево, радовишко.

– Во незгодата со  тешки телесни повреди се здобиле возачите на камионот и автомобилот, како и сопатниците во него 41 годишната  Ј.К. и 19 годишната С.К. од радовишкото село Ињево Увидот е во тек – вели Панајотова.

Таа додава дека  повредените се пренесени во Клиничката болница Штип. Сообраќајот во двата правци е во прекин, но се пропуштаат само автобилили наизменично, бидејќи  и во тек е отстранување на камионот  од коловозот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот