Солскјер: Среќа што Мурињо не беше тука да ги измери головите! (ВИДЕО)

фото: твитер

Манчестер јунајтед во еден крајно драматичен натпревар успеа да слави на гостувањето кај екипата на Брајтон (2:3).

Иако се слушна последниот судиски свиреж при резултат 2:2, главниот арбитар прво погледна ВАР снимка да види дали еден од домашните фудбалери играше со рака, по што веднаш покажа на белата точка.

Играчите на Оле Гунар Солскјер петпати се спасуваа откако Брајтон во пет наврати ја погодуваа рамката на голот, на што норвешкиот менаџер се потсети на стратегот на Тотенхем Жозе Мурињо од натпреварот против Шкендија одигран во Скопје кога Португалецот имаше забелешка на еден од головите на Националната арена „Тодор Проески“.

– Среќа што Жозе не е исто тука да ги измери головите, можеби ќе беше помал голот – рече Солскјер по мечот.

За клубот од „Олд Трафорд“ ова е прва победа во новата премиерлигашка сезона по два одиграни натпревари, додека Брајтон го запиша вториот пораз во својот трет меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот