Јунајтед со гол во 100 минута: Судијата свиреше крај, па се предомисли! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/John Sibley/POOL

Манчестер јунајтед ја забележа првата победа во Премиер лигата, откако со 2:3 го совлада Брајтон во рамките од третото коло. Триумфот на „црвените ѓаволи“ го донесе Бруно Фернандеш со гол од пенал реализиран дури во 10 минута од судиското надополнување во второто полувреме.

На стадионот во Брајтон видовме пенал, автогол, поништен погодок, фантастичен гол на Маркус Решфорд, па гол на Соломон Марч и на крајот повторно удар од белата точка.

Поведоа домаќините во 40 минута, сигурен „пеналџија“ беше Нил Мопеј, а пред паузата сопствената мрежа ја погоди Данк за израмнување на резултатот.

Во 52 минута Решфорд ја затресе мрежата, но истиот после ВАР снимката беше поништен поради офсајд. Но, само три минути подоцна истиот играч успеа да дојде до погодок со неколку дриблинзи против својот чувар Вајт.

Нов егал се случи во 95 минута преку Марч кој стрелаше од непосредна близина во мрежата на Де Геа (2:2).

Само неколку минути подоцна Јунајтед беше во напад и се чинеше дека Мопеј играше со рака во казнетиот простор, не беше ништо досудено, па главниот арбитар отсвири крај.

Но, судијата се предомисли, па сакаше да ја провери спорната ситуација и на крајот покажа на белата точка, прецизен беше Фернандеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот