Собраниската седница за Предлог-законот за ЈО е закажана во 17 часот

Фото: МИА

Информациите од Собранието се дека законот за јавно обвинителство би можело да биде причина за неколкудневно пролонгирање на распуштањето на Парламентот, но не и на изборите најавени за 12 април

Собраниска седница за Предлог-законот за јавно обвинителство денеска во 17 часот, по завршување на проверката на законот и консултации во пратеничките групи.
Ова било договорено на денешната координација со претседателот на Собранието Талат Џафери.

На денешната седница ќе се утврди потребата за донесување на овој закон.

Информациите од Собранието се дека законот за јавно обвинителство би можело да биде причина за неколкудневно пролонгирање на распуштањето на Парламентот, но не и на изборите најавени за 12 април. Официјално никој не знае дали и кога ќе се распушти законодавниот дом.

Собранието го очекува интензивна агенда пред распуштањето имајќи предвид дека за утре е планирана свечена седница за ратификација на протоколот за НАТО, обраќање на словенечкиот претседателот на Собранието, но и можни продолженија или уште една нова седница за измените на Изборниот законик, согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, за кои најверојатно пратеничките групи ќе постигнат согласност.

Во меѓувреме денеска заседаваат и неколку комисии со закони по скратена постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот