Собраниска Работна група ќе бара трајно и стратешко решение за катната гаража во непосредна близина

Катна гаража до Собрание - Фото Слободен Печат - Методи Здравев

За катната гаража пред Собранието ќе се формира Работна група за изнаоѓање трајни и стратешки решенија, соопшти денеска Собранието.

Во соопштението на службата се вели дека во Собранието е одржана средба со претставници на државните институции во врска со катната гаража.

„Денеска во Собранието за прв пат се одржа средба меѓу претставниците на државните институции на кои се разговараше за катната гаража пред Собранието. Иако Собранието нема директни ингеренции во процесот на изградба, презеде иницијатива во водењето на дискусиите за решавање на ова прашање“, се вели во соопштението.

На денешната средба присуствувале претставници од Собранието, Владата, Општина Центар, Државниот правобранител, Бирото за јавна безбедност (БЈБ), АНГО ДООЕЛ и Министерството за транспорт.

– Сите страни постигнаа договор за формирање работна група, со цел да се најде трајно и стратешко решение. Оваа средба имаше за цел да обезбеди комуникација и да се обезбедат сите информации и состојби, со намера да се најде трајно решение кое ќе биде од корист и за јавноста и за Собранието. Ова прашање е од големо значење за Собранието и ние сме посветени да обезбедиме ефикасно решавање, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот