Собраниска делегација на Интерпарламентарната унија во Белград

Делегација на Собранието на Македонија ќе учествува на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 13 до 17 октомври во Белград, Република Србија.

Во делегацијата се Талат Џафери, претседател на Собранието, Диме Велковски, Агим Шаќири, Димитар Стевананџија и Јулиана Николова, како членови и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова.

Се очекува на ова Собрание на ИПУ да учествуваат околу 1.700 претставници од над 140 земји членки на Унијата, како и повеќе од 70 претседатели на парламенти.

Главна тема за дискусија на 141. Собрание на ИПУ е „Зајакнување на меѓународното право: парламентарни улоги и механизми и придонесот за регионална соработка”.

Комисиите на ИПУ ќе дискутираат за бројни прашања од нивната надлежност, меѓу кои: парламентарни стратегии за зајакнување на мирот и безбедноста во пресрет на предизвиците и конфликтите што произлегуваат од климатските катастрофи и нивните последици; актуелизирање на дигитализацијата и циркуларната економија за постигнување на целите за одржлив развој, одговорна потрошувачка и производство, постигнување на  универзално здравствено покривање до 2030 година – улогата на парламетите за гарантирање на правото на здравје,криминализација на перењето на пари; унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на моќта на младите и сл.

Во рамки на 141. Собрание ќе биде одбележана 130. годишнината од формирањето на Интерпарламентарната унија и 70. годишнината од Женевските конвенции.

Како што е најавено од собраниската прес-служба, седници ќе одржат „Форумот на жени парламентарки”, „Форумот на млади парламентарци” и „Здружението на генерални секретари на парламенти”, а предвидени се и бројни билатерални средби на членовите на Делегацијата на Собранието на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот