Со солзавец и водени топови против демонстрантите: Жестока пресметка во Прага (ФОТО+ВИДЕО)

Чешката полиција употреби денеска солзавец и водени топови за да ги растера стотиците демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците после протестот против новите рестриктивни мерки на владата поради сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите повредени се најмалку 20 лица, пренесува АП.

Полицијата ги растури протестите со солзавец и водени топови/ Прага, Чешка 18.10.2020/ Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

На протестот имало повеќе илјади луѓе, вклучувајќи и фудбалски и хокеарски навивачи кои протестирале против мерките меѓу кои се и забрана на спортските натпревари и затворање на баровите и рестораните.

Исто така е забрането собирање на повеќе од шест лица, но е дозволено демонстрирање до 500 лица, ако се раздвоени во групи до 20 и ако носат заштитни маски.

Прочитајте и...  ЕУ одговори на барањето на Чешка, испрати 150 респиратори

Многу демонстранти немале маски. Бидејќи полицијата соопшти дека нивниот број не смее да биде поголем од 500, организаторите го растераа собирот. Но некои демонстранти останале на плоштадот и почнаа полицијата да ја гаѓаат со шишиња, камења и други предмети.

Чешка бележи рекорден пораст на нови случаи од коронавирус во претходните недели и оваа земја има најголема стапка на зараза во Европа.

Чешка со највисока стапка на зараза со Ковид-19 во Европа

Поврзани вести

Словачка воведе нови мерки за ограничување на движењето на луѓето

Слободен печат

Во САД рекордни над 83.700 новозаразени од Ковид-19 од почетокот на епидемијата

Слободен печат

Завршува јавниот повик за субвенции за инвертери, досега поднесени 5000 барања

Слободен печат

Стопанските комори на Западен Балкан со апел до владите за воспоставување „зелени линии” за брз проток на работници

Слободен печат

Филипче: Амди Бајрам имаше комплексна здравствена состојба

Слободен печат

Филипче и одговори на опозицијата: Нема да поднесам оставка

Слободен печат

Остави Коментар