Со ребалансот Буџетот за годинава проектиран на 3,95 милијарди евра

Приходите за годинава помали за 11,5 отсто, или за 25,5 милијарди денари, соопшти Ангеловска.

Вкупните расходи, со ребалансот на Буџетот за, годинава, што го донесе Владта вчера на седница, е 3,95 милијарди евра и е за 1,4 отсто поголем во однос на иницијалниот буџет за годинава, соопшти министерката за финансии денеска на прес-конференција.

Приходите, како што рече, со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво 3,2 милијарди евра и истите се помали за 11,5 отсто или за 25,5 милијарди денари (414,6 милиони евра) во однос на планот.

Дефицитот е позициониран на 6,8 отсто од БДП, што, како што рече, е во линија на проекциите на Европската комисија.

Ребаланс е за опоравување и рестарт на економијата во услови на  Ковид-19, целта  е реално да се прикажат очекувањата како резултат на здравствениот и економски шок предизвикан од КОВИД, рече министерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот