Со помош од амбасадата на Јапонија во Македонија: Болницата во Дебар ќе добие ренген апарат

Болница Дебар
Болница во Дебар /Фото: МИА

Општата болница со проширена дејност во Дебар набрзо ќе ја дигитализира рентген службата, благодарение на поддршката добиена од Јапонската амбасада во Скопје.

– Доцна попладнево сме информирани од Јапонската амбасада дека го поддржуваат нашиот проект за дигитализација на рентген службата, која функционира во рамки на нашата установа. Станува збор за средства во износ од 35.000 евра, а по тој повод кон средината на следната недела, нашата болница ќе ја посети и амбасадорот Хиронори Савада, изјави за МИА директорот на болницата, Баки Алили.

Оценува дека дигитализацијата на оваа служба е од големо значење за подигнување на квалитетот на здравствените услуги.

Ова е последователна донација, по онаа од 800.000 денари од компанијата „Кнауф Радика” наменета за изградба на централен систем за кислородна поддршка за Инфективното одделение што работи како ковид амбуланта.

Во дебарската болница, освен жителите на општина Дебар, здравствени услуги добиваат и жителите од општина Центар Жупа, а поради близината, и жители од општина Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот