Со надеж да најдат некоја трага: Пожарникари и багеристи го расчистуваат теренот каде исчезна малата Данка

Се расчиствува дворот и околината близу куќата каде последен пат беше видена двегодишната Данка. Денеска на терен се пожарникари и багеристи кои го отстрануваат ѓубрето.  Покрај багерот пристигна и комбајн за да може полицијата да го расчисти имотот полн со дрва, сено и слама. Механизацијата со часови го отстранува ѓубрето од дворот што личи на депонија. Во ѓубрето има се, од фрижидери, машини за перење, до гранки и дрвја кои багерот ги соборува. Сликата од денешната акција во која надлежните се обидуваат да најдат некоја нова трага ја пренесува „Блиц“.

„Денеска немаше копање, туку се работеше само на чистење на просторот каде исчезна девојчето – дворот и плевната каде имаше сено и слама. Тројца багери се уште активно го отстрануваат ѓубрето од дворот, а еден камион сето тоа го одзема“, јавува репортерот на „Блиц“.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот