Со крвна плазма Италија ќе ги лекува заболените од Ковид-19

Италијанските лекари планираат да почнат со користење крвна плазма од оние кои оздравеле од Ковид-19, за да им помогнат на најтешко заболените во болниците.

Во текот на речиси еден месец Италија имаше повеќе смртни случаи од коорнавирус од било која друга земја во светот, но сега лекарите се надеваат дека ужасното страдање на луѓето од оваа земја ќе го свртат во друг правец,  пренесува Си-Ен-ЕН.

-Од ова може да произлезе нешто добро, изјави др. Фаусто Балданти.

Тој додаде дека Италија имала толку голема епидемија да сега ја има полната потенција на донаторите.

Луѓето кои заздравеа од инфекцијата или кои се позитивни на вирусот, но не покажале симптоми, развиваат антитела во крвната плазма. Тие антитела можат да се вбризгаат кај друг заболен, каде можат да помогнат во неутрализацијата на вирусот во телото на примателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот