Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Со армија адвокати Вучиќ ќе тужи светски медиуми

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се закани дека ќе ги ангажира најдобрите адвокати за да тужи светски медиуми кои пренесоа дека наводно имал улога во монструозното „Сараевско сафари“. Хрватскиот новинар Домагој Маргетиќ го пријави Вучиќ во обвинителството во Милано за неговото наводно учество во „Сараево Сафари“ кое го истражува Италија.

Кога некој толку очигледно лаже, веројатно мора да плати многу. Ќе ги собереме најдобрите адвокати и ќе видиме за околу 15 дена, рече Вучиќ, одговарајќи на коментарот на новинар дека неговата најава дека ќе тужи одредени светски медиуми наишла на одѕив, објави Телеграф.

Според него, парите со кои што ќе тужи не се негови, туку адвокатите ќе ја земат наградата по завршувањето на споровите, а тоа што тој ќе го добие ќе го донира за изградба на манастир.

Вучиќ рече дека „никогаш не тужел ниту еден медиум за написи и лаги што ги објавиле за него“, но дека сега ќе ги ангажира најдобрите адвокати во светот да ги тужат „оние што имаат многу пари, од Гардијан, Дејли Меил и сите тие“ за невистини за неговото учество во „Сараевското сафари“.

Германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг го отвори прашањето: „Што стои зад триесет години старата приказна?“ Според наводите, за време на опсадата на Сараево (1992–1995), богати луѓе од САД, Канада, Русија и Западна Европа плаќале големи суми за да пукаат врз цивили од ридовите над градот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот