Владимир Четкар - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Владимир Четкар - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Со Ана на ТИ | Владимир Четкар: Не треба да се задоволиме со трошки

Во новата епизода на „Со Ана на ТИ“ гостува човекот кој македонската музика и својата уникатна харизма ја носи на скоро сите светски сцени. Владимир Четкар е гитарист, композитор, пејач и автор со препознатлив фанк-соул звук, кој зад себе има настапи на големи фестивали во Њујорк, Лос Анџелес, Лондон и Токио.

Со Четкар имавме инспиративен разговор кој допира многу теми: неговото детство и семејството што го формирало како човек и уметник, магијата на родниот Охрид, патот до светската публика и што значи да свириш пред илјадници кои ја чувствуваат твојата музика, но и предизвиците и радостите на концертниот живот.

Зборуваме и за нашето општество, за тоа каде е македонската музика денес, што ѝ недостига, а што ја прави препознатлива. Четкар ги сподели своите ставови за работната етика, инспирацијата, како и за тоа што го движи да создава музика која патува подалеку од границите.

Поткастот „Со Ана на ТИ“ можете да го гледате секој петок во 19 часот на јутјуб каналот на „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот