Снегот не ја скри, кај Отешево пронајдена артилериска граната

Артилериска граната од Првата светска војна пронајдена на брегот на Преспанското езеро/Фото: ДЗС

Пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување денеска пронајдоа пронајдена артилериска граната со калибар од  75мм.

Гранатата е пронајдена во местото викано Чарти Камен во близина на брегот на Преспанското езеро кај Отешево во Општина Ресен.

Станува збор за граната од Првата Светска Војна и истата е отстранета од местото и однесена на магацините на ДЗС за понатамошно уништување, соопштија од ДЗС.

Артилерско зрно од 120 мм. е пронајдено на 16-ти јануари во атарот на гевгелиското село Мрзенци, минатиот месец и кај Агино село, кумановско е пронајдено панцирно зрно 75мм, а на Конечка планина во близина на с. Конче – Радовиш е пронајдена рачна бомба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот