СЛУЧАЈ ЕМБЛА: И МОН бара разрешување на директорот Зијадин Нуредини

Фото: Фејсбук

Како што пишуваше во петокот „Слободен печат“ од свои извори во Министерството за образование и наука (МОН) дека Државниот просветен инспекторат констатирал низа прекршоци во ОУ „Башкими“ во Гостивар во случајот на малата Ембла и дека врз основа на овој извештај ќе се бара разрешување на директорот на ова училиште Зијадин Нуредини, и официјално Инспекторатот, односно Министерството за образование и наука побара разрешување.

-Државниот просветен инспекторат по вонредниот инспекциски надзор во ОУ „Единство-Башкими “ – Гостивар, на в.д. директорот на стручната служба и други тимови кои се директно вклучени во воспитно-образовниот процес се упатени да преземат мерки и активности за целосно вклучување на учениците со посебни потреби во воспитно-образовниот процес, со планови и програми посебно изготвени согласно сознанијата и да се направи план за реализација на наставата која не се реализира поради бојкотот на наставата на 1 и 2 февруари 2022 година. Поради констатирани пропусти во записникот при вршењето на надзорот, ќе бидат преземени соодветни законски мерки согласно член 28 од Законот за просветната инспекција, како и согласно член 119 и член 170 од Законот за основното образование. Државниот просветен инспекторат. Согласно член 119 од овој извештај на просветниот инспекторат, од Управниот совет на училиштето се бара разрешување на директорот Зиадин Нуредини, додека според член 170 се бара казна за непостапување по овластување, се наведува во извештајот на инспекторатот.

Денеска малечката Ембла ја посети и претседателот на РСМ Стево Пендаровски кој намина во нивниот дом и во училиштето каде по реакцијата на нејзините родители, апелите преку социјалните мрежи и реакцијата на надлежните институции таа се врати во училиште меѓу своите соученици.

ФОТО+ВИДЕО: Радост на лицето на Ембла, гостин ѝ беше претседателот Пендаровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот