Слободен влез по повод Меѓународниот ден на музеите во Музеј на македонската борба

НУ Музеј на македонската борба за самостојност го одбележува Меѓународниот ден на музеите со слободен влез за сите посетители на 18 мај во редовното работно време од 10 до 18 часот.

Како дел од постојаната музејска поставка посетителите, меѓу другото, ќе можат да ги погледнат и ексклузивните амбиентални претстави на етно-куќа и берберницата на Гемиџиите, музејските раритети со исклучителни париња оружје и покуќнина, специјалната тактилна изложба „Фокус“, уметнички портрети на истакнати македонски историски ликови и останати презентации на македонското историско и културно наследство.

Дел од програмата на музејот е и ретроспективната изложба „Хартии“ на познатиот македонски уметник Сергеј Андреевски, која е поставена во холот на Музејот на македонската борба.

Годинашната тема на Меѓународниот ден на музеите е „Моќта на музеите“. Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, е востановен од Меѓународниот совет на музеите (ИКОМ) во 1977, со цел да се насочи вниманието на јавноста за важноста на улогата на музеите во современите општества.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот