„Слободен печат“ во Вевчани: Привршуваат подгототвките за дефилето со маски (ФОТО)

Во центарот на Вевчани во моментов е мирно. Се вршат последните подготовки на маските кои се уште се чуваат во тајност. Екипата на Слободен печат е во Вевчани каде што некаде околу 14 часот ќе започне официјалното дефиле со маски на Вевчанскиот карневал.

Се очекува околу 10.000 посетители од земјава и странство да го проследат овој настан, на кој според градоначалникот Сашо Јанкоски, ќе продефилираат 1.000 маски.

– За време на вчерашната забава имаше голем број посетители кои очекуваме да дојдат и денеска. Наскоро ќе започне дефилето со маски и ќе видиме со што ќе изненадат – рече Јанкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот