„Слободен печат“ дознава: „Јавна соба“ се затвори, но ќе се открива дали е гнездо на малолетничка проституција

фото Фејсбук

Групата „Јавна соба“ на мобилната апликација Телеграм е затворена по барање на МВР, дознава „Слободен печат“ од високи извори во министерството. Како што дознаваме од извори во истрагата, иако главниот акцент е ставен врз тоа да се поведат постапки за злоупотреба на лични податоци и за производство и дистрибуција на детска порнографија, сепак, истрагата ќе добие и нов тек.

Имено, полицијата моментално истражува и дали „Јавна соба“ е гнездо за контакти и ланец за подведување, проституција, вклучително и малолетничка.

– Во МВР истрагата не е затворена, туку утврдуваме која е целта на формирањето на групата. Дали е тоа само споделување на експлицитни фотографии, или можеби станува збор да се направи ланец со проституција, вклучително и малолетничка – ни изјави заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

Потребни беа 5 дена за компанијата со седиште во Лондон да изреагира на барањето на македонската полиција. До утринава, кога групата беше активна, се споделуваа експлицитни содржини во неа за малолетни и полнолетни девојки, вклучително со нивните телефонски броеви, разголени фотографии и видео материјали со порнографски содржини. Имаше и ценовници за наводните услуги на девојките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот